Претседателот на САД, Трамп, одби да се сретне со премиерот на Канада, Трудо, за време на Генералното Собрание на ОН, затоа што лично не му се допаѓал канадскиот преговарач

Објавил: Мирко Бачиќ | 27 септември, 2018 10:54

Трамп го бојкотира канадскиот премиер во Њујорк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да се сретне со канадскиот премиер Џастин Трудо, намалувајќи ги шансите за постигнување трговски договор меѓу двете земји.

Да бидам искрен, ние воопшто не сме во добри односи со нивните преговарачи. – изјави Трамп на прес-конференцијата во Њујорк.

Тој рече дека одбил да се сретне со Трудо бидејќи не му се допаѓаат канадските тарифи за млечни производи.

Американскиот претседател не ја отфрли можноста за договор, но тој јасно стави до знаење дека не се грижи за компромисот.

Не ми се допаѓа нивниот претставник. – рече тој, без да наведе за кого станува збор.

Според Би-Би-Си можно е да мисли на канадската министерка за надворешни работи, Кристија Фриланд, која преговара за нов трговски договор со САД и која претходно кажа дека Канада нема да попушти во трговските преговори со Вашингтон.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.