Турската Крајбрежна стража открија чамец со 58 нелегални мигранти во близина на брегот на Фоџа, во западната турска покраина Измир, во обид да преминат на грчките острови

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 8:06

Турција: Во текот на еден ден фатени 220 нелегални мигранти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во текот на еден ден низ Турција фатени се најмалку 220 нелегални мигранти, јавува Anadolu Agency (AA).

Патролите на турската Крајбрежна стража открија чамец со 58 нелегални мигранти во близина на брегот на Фоџа, во западната турска покраина Измир, во обид да преминат на грчките острови.

Меѓу мигрантите има државјани на Сирија, Ирак, Сомалија, Ертреја, Авганистан и Бангладеш.

Во друг случај, од страна на жандармеријата фатени се 145 мигранти, вклучувајќи жени и деца, во источната област Ван, откако илегално влегле во земјата.

Возачи на пет возила се приведени поради обвиненија за криумчарење луѓе.

Исто така, Крајбрежната стража откри и 17 мигранти во Бодрум, во турската област Мугла, државјани на Јемен, Ирак, Сирија и Иран, при обид да премиат во Грција.

Најголем дел од мигрантите фатени во Турција во 2017 година се од Пакистан (15.000), потоа од Авганистан (12.000) и од Сирија (10.000).

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.