Осомничените раководеле со десетина плантажи за одгледување канабис, низ Белгија и во северниот дел на Франција.

Објавил: admin@magazin | 7 април, 2019 15:58

Уапсени 60 лица од албанската мафија за проституција, перење пари, дрога и нелегални мигранти !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Како што соопшти италијанската управа за борба против мафијата, повеќе од 60 лица се уапсени во Белгија, Холандија и Франција под обвинение за криумчарење дроги и нелегални мигранти во Франција, за проституција и перење пари.

Осомничените раководеле со десетина плантажи за одгледување канабис, низ Белгија и во северниот дел на Франција.

Дел од осомничените биле вклучени во случаи на трговија со луѓе во Франција.

Албанската мафија дејствувала низ цела Европа, се истакнува во соопштението. Во операцијата биле ангажирани повеќе од 600 полициски службеници од четири земји, вклучително и од Италија. Завршниот финален дел од оваа операција бил изведен од 3-ти до 5-ти април.

Албанска мафија (АМ) или Албански организиран криминал (AOК) се општите термини кои се користат за разни криминални организации лоцирани во Албанија или составени од eтнички Aлбанци. Албанските криминалци се значително активни во САД и во земјите на Европската Унија (ЕУ), но и разни други делови на светот, вклучувајќи го Блискиот Исток и Азија. Албанската мафија учествува во разновиден опсег на криминални „претпријатија“ кои вклучуваат трговија со дроги, оружје, луѓе и човечки органи.

Меѓу 64-те уапсени лица, 55 се уапсени во Белгија, од кои осуммина се државјани на Италија, коишто имале престој во Белгија, а додека пак седум се приведени во Холандија и уште две лица во Франција.

Во текот на оваа долга истрага, италијанската полиција го открила седиштето и организирала апсења на криминалец од албанско потекло кој бил во бегство, за кој била распишана европска потерница од страна на судот во Болоња во Италија.

Албанскиот организиран криминал продолжува да останува загриженост за земјите низ Европа, закана што Европол ја зема многу сериозно, се наведува во соопштението на европската полициска агенција.

Во Албанија има повеќе од 15 мафијашки семејства кои го контролираат организираниот криминал. Според одредени извештаи на Викиликс, албанската мафија поставила монопол на многу активности од Израел до Јужна Америка.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.