-Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

Објавил: Весна Петровска | 2 декември, 2019 11:33

УАПСЕН ГРУЕВСКИ – Министерството за правда демантира

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Некои медиуми денеска во јавност изнеле невистини поврзани со поранешниот премиер на Република Македонија Никола Груевски, утрово османаа натписи дека Груевски е уапсен.

Министерството за правда демантира дека екс премиерот Груевски е уапсен.

Во продолжение ви го пренесуваме ставот на министерството.

– Целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, соопштија од Министерството.

-Демантираме уште една од многуте лажни вести деновиве – целосно ги отфрламе изнесените невистини дека Никола Груевски е уапсен и дека Министерството за правда не бара негова екстрадиција, се наведува во соопштението од Министерството за правда.

На јавноста, како што посочуваат, ѝ е познато дека Министерството за правда веднаш по бегството на поранешниот премиер Никола Груевски – уште минатата година, има испратено барање за негова екстрадиција и истото е одбиено.

– Во прилог на ова е последниот доспис од 31 октомври 2019 година, од унгарското Министерство за правда, во коешто нè информираат дека по одбивањето на екстрадицијата, документите биле испратени во унгарското обвинителство. Унгарското Министерство за правда, исто така нè информираше дека Јавниот обвинител одлучил да не иницира кривична постапка, ниту било какви други мерки против Никола Груевски, соопштија од Министерство за правда.

За потсетување, Никола Груевски веќе подолго време престојува во Унгарија кој доби азилант и не може да биде испорачан во Македонија. На Груевски му беше одобрен политички азил по кого Македонија распиша меѓународна потерница поради издржување на двегодишна затворска казна.

Канцеларијата за имиграција и бегалци донела одлука по темелна истрага и утврдила дека македонскиот експремиер со право се плашел за својот живот.

-Да бидеме искрени, ако поранешен премиер оди во затвор, сигурно нема да му е лесно“, изјави тогаш Трошчањи.

Исто така тој појасни дека сега Груевски може да добие патни документи и слободно да ја напушти Унгарија ако сака.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.