Герасим Конзулов на отворена седница на Советот на Општина Радовиш изјави дека самите направиле криминал со необјавување тендер

Објавил: Мирко Бачиќ | 24 август, 2018 7:40

Феномен: Градоначалникот на Радовиш сам си признава незаконско работење

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Градоначалникот на Општина Радовиш Герасим Конзулов призна дека во општината имало незаконско работење односно дека бил правен криминал.

Со изјавата која последна ја даде тој самиот призна дека има незаконско работење при што истакна дека постојат фирми кои работат без договор и со поништен тендер бидејќи нивната вредност е над 50.000 евра.

“Со “Геинг “договорот за изработка на техничка документација со некоја поголема вредност од околу 4 или 5 милиони денари што се случи? “Геинг” работеле осносно потпишале договор a работеле на многу проекти но ни доаѓаат од јавни набавки и ни викаат дека има направено грешка. Се што е над 50.000 евра мора да се распишува меѓународен тендер и договорот е паднат. Грешка е направена и сакаме што е можно побрзо да ја исправиме. Ние веќе месец дена имаме изгубено.” – рече градоначалникот на Седница на совет на општина Радовиш.

Ова признание на Конзулов е само уште еден од низата скандали поврзани со работата на власта на СДСМ на централно но и локално ниво во Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.