Барањето на Јанева за бришење на компјутерите се случува во период во кој ОЈО за гонење организиран криминал и корупција води истрага во случајот „Рекет“

Објавил: Перо Милчин | 27 јули, 2019 20:37

ФЕТАИ ЗА ЈАНЕВА: „Не верувам дека некој би се осудил без мое одобрение да ми го чепне компјутерот”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Фатиме Фетаи во изјава за „Скопје1.мк“ рече дека не верува дека некој би се осмелил без нејзино одобрение, да влезе во нејзината канцеларија и да го чепка нејзиниот службен компјутер.

Обвинителката Фатиме Фетаи изјави дека до средината на август е на одмор, но во понеделник ќе одела во СЈО и таму ќе се информира што се случува со настанатата ситуација.

Таа бришењето на податоците во сите компјутери на СЈО по наредба на шефицата Катица Јанева, вели дека дознала од медиумите.

„Не верувам дека некој би се осудил, без мое знаење, да ми чепне во компјутерите или во мојата канцеларија. Јас до средината на август сум на одмор, но во понеделник ќе одам во СЈО и таму ќе се информирам што се случува бидејќи официјално никој не известил. За ова слушам од медиумите“, вели Фетаи за „Скопје1.мк“

Вечерва СЈО демантираше дека Јанева наредила уништување на материјали.

Во врска со денешно објавените написи околу наводно издавање наредби за форензичко бришење или уништување на податоци во Специјалното јавно обвинителство, истите во целост ги демантираме.

Појаснуваме дека Специјалниот јавен обвинител нема дадено наредба за било какво уништување на материјали, податоци или доказен материјал во рамките на обвинителството, било истиот да е во пишана или усна форма.
Сите активности кои во континуитет се преземаат се единствено во насока на зачувување на сите податоци, информации, документи и списи кои се предмет на работењето на ова обвинителството. Водејќи се од правилата за обезбедување на безбедносни, технички и организациски мерки во делот на заштитата на целокупниот материјал кој се наоѓа во обвинителството, сочувувањето на неговиот интегритетот е од висок приоритет, и во ниту еден случај не би се дозволило по било кој основ истиот да биде доведен во опасност, соопшти СЈО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.