Експлозивната направа била поставена на мотор паркиран пред продавница во близина на традиционалниот ноќен пазар во Инсулан

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 август, 2018 6:25

Филипини: Во експлозија за време на фестивал двајца мртви и 40 повредени

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бомба, која била скриена во торба, експлодирала денеска за време на градска прослава т.е. фестивал во јужниот дел на Филипините, при што загинале најмалку две лица, а 40 се повредени, изјави воениот командант Сирилито Собеџана.

Според него, започната е потрага по напаѓачот, кој успеал да побегне.

Полицијата соопшти дека две лица се наоѓаат во критична состојба по експлозијата во градот Исулан во провинцијата Султан Кударат. Очевидец изјавил дека сомнителната торба ја оставил еден маж во близина на местото каде што се одржувала прославата.

– Бомбата експлодирала кога полицијата тргнала кон осомничениот, кој во големата гужва успеал да побегне, истакнал воениот командант.

Во меѓувреме, портпаролот на регионалната полиција Алдрин Гонсалез изјави дека импровизираната експлозивна направа била поставена на мотор, паркиран пред една продавница во близина на популарниот ноќен пазар во Инсулан, кој прославувал годишнина од своето отворање. Засега ниту една група нема преземено одговорност за нападот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.