Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека по укинувањето на квотите за лековите во туристичките места и по информациите дека само пациентите лично ќе можат да ги подигаат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 август, 2019 22:56

Филипче: Ништо не се менува, семејството на пациентот ќе може да ги земе лековите од аптека

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера беше најавено дека во аптеките нема да може да се земат лекови за други лица, односно дека купувањето на лекови на рецепта ќе се врши само со лична карта, денеска министерот Венко Филипче, истакна дека сите пациенти кои не се во можност лично да отидат во аптека од здравствени причини, тие ќе можат како и досега да ги подигнат лековите преку членовите на нивните семејства.

Министерот за здравство, Венко Филипче изјави дека по укинувањето на квотите за лековите во туристичките места и по информациите дека само пациентите лично ќе можат да ги подигаат.

Квотите за лекови од денеска се укинати во туристичките места: Охрид, Струга, Ресен, Дојран и Гевгелија, а од наесен се најавува и во цела држава.

Начинот на издавање на лековите останува ист како и до сега. Укинувањето на квотите во аптеките во туристичките региони е првиот чекор кон целосно укинување на квотите, кое треба да се спроведе во целост најдоцна до октомври 2019 година. Лекови без квоти, континуирано, во било кој ден од месецот е стратешкиот план на Министерството за здравство – вели Филипче.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.