На униформите стои грбот на Македонија, но за жал на останаа без државното име.

Објавил: Катерина Крстиќ | 5 април, 2019 11:11

ФОТО: Државното име исчезна од армиските униформи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Како што може да се забележи од фотографиите, на парадните yнифopми на воениoт оркестар на АРМ гонема името на државата.

Униформите на Воениот оркестар, претрпеа промена. Државното име не стои на самите униформи, како што е пропишано со закон.

На униформите стои грбот на Македонија, но за жал на останаа без државното име. Инаку воениот оркестар учествуваше на заедничкиот концерт во Македонската Филхармонија на кој присуствуваа оркестрите на САД, Велика Британија, Словенија и Грција.

Унифopмитe на македонската армијa имаа само знаме, но не и државно име на нив.

Инаку пред само два дена премиерот Зоран Заев рече дека при посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас не била интонирана химна зошто се доцнело со агендата. На ваквата одлука, за химната реагираше целата македонска јавност, а се пишуваше и за наводно менување на текстот, односно дека стиховите  “Денес над Македонија се раѓа”, биле проблемот поради кој не била интонирана химната.

Заев изјави дека скратиле од говорот на двајцаминистри за д аможе да се стигне набиената агенда.

Но, потоа на новинарско прашање дали причина било тоа што наводно на униформите на оркестарот пишувало Република Македонија, Заев рече: „Можеби тоа било причина, и ако е тоа прична ќе го средиме. Треба да пишува Република Северна Македонија“. На ова следеше и прашањето дека тој оркестар има надлежни, Заев со одговор „има и министер за одбрана“.

Но порталот ЈАВНО.МК објави дека од свои блиски извори, добиле информација дека воената гарда и почесниот оркестарот биле ангажирани уште во 6 часот наутро, како за пречек на Аеродромот во Скопје, така и пред платото на Владата, но не биле пуштени да се постројат бидејќи на нивните униформи пишува АРМ (Армија на Република Македонија).

Инаку според законот, во член 32 е назначено дека на државните униформи се носат и ознака со презимето и ознака со Рпублика Македонија.

Во член 34 стои: На горните делови од униформата,припадниците на Армијата носат ознака на Република Македонија,државно знаме во правоаголем облик со дименции 70×30мм,извезено на ткаенина и обрабено со конец во црвена боја во ширина од 3мм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.