четврток, 2 мај 2024

MK/ EN/ DE



Претседателот на Србија со закани, блокади, пукање и полиција спречен од премиерот на Косово Харадинај да ја реализира посетата, армијата на Србија чека на наредба од Вучиќ

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 септември, 2018 11:04

Харадинај со полиција забрани Вучиќ да помине во Бање (видео)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Тензично во Косово и денес. Косовската Влада иако ја откажа посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ поради безбедносни причини, првиот човек на Србија одлучи да продолжи според планираното.

И покрај поставените блокади на патиштата, тој одлучно тргна кон селото Бање, но беше запрен од косовската полиција.

Претседателот Вучиќ бил запрен од косовската полиција и му бил забранет понатамошен пат кон селото. Во тек се, како што јавуваат српските медиуми, расправии меѓу претседателот и полицијата.

Косовската полиција го известила Вучиќ дека блокадите се на два километри пред нив и дека не е безбедно да го продолжи патот.

Вучиќ и неговите соработници излегле од автомбилите и пеш се упатиле кон блиска куќа каде треба да одлучат што ќе се прави понатаму.

Вучиќ претходно изјави дека и покрај информациите за блокада на патот, по кој треба да помине денеска кон селото Бање, ќе се обиде по друг, околен пат за да стигне до селото, но сепак изрази сомнеж дека ќе успее.

Тешко дека ќе стигнеме, ќе видиме, изјави Вучиќ и побара од српските медиуми да останат во косовска Митровица и да не тргнуваат по тој пат.

Косовските медиуми објавуваат фотографии и видео снимки од барикади поставени на патиштата на кои би требало да помине претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Како што јавуваат српските медиуми, стотина Албанци утринава ги блокирале патиштата со багери и камиони. РТС јавува и дека во едно место се слушале рафални истрели.

Министерот за одбрана Александар Вулин истакнал дека тоа го прават вооружени ветерани на ОВК и дека за тоа одговорноста ја има Кадри Весељи и дека армијата на Србија е во вондредна состојба и ќе постапи како што ќе побара претседателот.

Според РТС се очекуваат масовни протести и барикади.

Патот кон селото Бање бил блокиран со камион, поставени се препреки од дрва и гуми кои подоцна биле запалени. На патот имало и истакнати транспаренти со пораки „Вучиќ нема да помине“ и „Вучиќ врати се“.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.