Милановиќ изјави дека кога прифатил да дојде тука, се согласил на протоколот, но не и на величење на усташтвото.

Објавил: admin@magazin | 1 мај, 2020 21:10

Хрватскиот претседател Милановиќ ја напушти прославата за ,,Блесок“ поради усташки симболи!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, кратко откако дојде на одбележувањето на 25 годишнината од воената акција ,,Блесок“ во Окучни, реши да го напушти собирот затоа што меѓу присутните почнаа да се појавуваат усташки симболи.

Зоран Милановиќ го напушти настанот откако еден од присутните истакна маица со усташкиот извик „За дом спремни“.

Милановиќ изјави дека кога прифатил да дојде тука, се согласил на протоколот, но не и на величење на усташтвото.

,,Жал ми е. Дојдов да им оддадам почит на оние што паднаа за Хрватска, но еден од уессниците што требаше да положи цвеќе, пред мене ја соблече јакната и на себе имаше маица со усташкиот поздрав“-изјави хрватскиот претседател по напуштањето на церемонијата.

Со програмата било предвидено Милановиќ со Пленковиќ и Јандроковиќ да положат заеднички венец.
Самата програма на одбележувањето почна со интонирањето на химната на Република Хрватска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.