И невладината организација Цивил потврдува дека СДСМ за време на молкот но и денот на гласање отворено и јавно врши агитација за гласање на тековниот референдум за името

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 12:15

Цивил: СДСМ и Левица го кршат референдумскиот молк

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Од невладината организација Цивил обвинуваат дека партиите СДСМ и Левица отворено го прекршуваат референдумскиот молк.

Според Цивил првата партија тоа го прави преку агитација од страна на нејзини активисти, втората партија преку делење флаери.

Како што стои во нивното соопштение, грубо кршење на референдумскиот молк било регистрирано во Радишани во текот на попладневните и вечерните часови на 28 септември.

Изборниот молк го крши партијата Левица. Флаери потпишани од Левица со порака “Бојкотирам” беа фрлени во влезовите во зградите во центарот на Скопје, вклучувајќи го и влезот во седиштето на Цивил во утринските часови на 29 септември.

До нашите долгорочни набљудувачи стигнаа пријави од граѓанин за агитација и во општина Лозово, од страна на активисти на СДСМ во време на молкот, на 28 септември. Кршење на референдумскиот молк во Центар, Бутел и Прилеп, се бележи и во Штип, Кочани, Пробиштип, Гази Баба и неколку други општини низ целата земја.

Тимот за анализа и координација на Цивил обработува уште триесетина извештаи од цела Македонија. – посочуваат од Цивил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...