И изгледа заборавивте дека некој лично вас ве заштити и ви помогна да излезете од прес-салата на 27 април кога се случија тие немили сцени за жал.

Објавил: admin@magazin | 21 март, 2019 20:30

Ченто до Пендаровски: „Ќе изгубите на изборите, бидејќи ве кандидира погрешниот човек ЗАЕВ„

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Јане Ченто до Пендаровски: Ако ние сме насилници, што е вашиот аболициран пријател? Одбравте погрешен човек кој ве кандидира и затоа ќе загубите.

Јане Ченто пред неколку денови беше осуден на 15 години затвор, а по неговата пресудата тој остана во притвор.

Кога земаше збор да се изјасни за барањето на обвинителството да остане во Шутка до правосилноста, Јане порача дека судот го осудил, но историјата ќе го ослободи.

Тој кажа оти не се плаши од затворот и оти еден ден ќе огрее сонце во Република Македонија.

На неговата ФАН-СТРАНА на Фејсбук „Слобода за Јане Ченто„ се објави негово писмо упатено до кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаросвки: 

Господине Пендаровски, во неколку наврати ве слушам на радио вести како не нарекувате насилници. Вие сте професор на универзитетот “Американ Колеџ”, каде што бев на постдипломски студии, каде што и почитуваниот проф. Д-р. Шапуриќ, сегашен министер ми беше професор и таму на правните постдипломски студии не учеа за начелото на презумпција на невиноста, но тоа го заборавате сега кога сте претседателски кандидат и кога ви требаат дневно политички поени.
И изгледа заборавивте дека некој лично вас ве заштити и ви помогна да излезете од прес-салата на 27 април кога се случија тие немили сцени за жал.
Искрен ќе бидам, отсекогаш сум ве почитувал и како професор и како политичар, но одбравте погрешен човек кој ве кандидира и затоа ќе загубите, не вие туку тие што ве предложија. Вие сте чесен, но тие околу вас се со голем криминален багаж.

Впрочем, ако ние сме насилници за една “клоца”, што се вашите сегашни пријатели кои ги отворија вратите на 27 април и го пуштија народот да изгори во емоции, што е вашиот аболициран пријател? Тие ли се европските вредности? Што се оние кои 2 година ја шараа Македонија и повредија повеќе од 200 полицајци и ја запалија канцеларијата на претседателот на државата?

Што се оние кои насилно се обидоа да влезат во Владата?
Кога зборувате, бидете искрен кон вас пред се, не влегувајте во филмот на Заев, вие имате висок интелектуален капацитет и сте европски политичар за разлика на тие околу вас.
Ве замолувам задржете го вашиот интегритет и достоинство.
Да живее Република Македонија.
Фејсбук објава на Фан-страната „Слобода за Јане Ченто“

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...