Вардар, освен со овие тројца ракометари, претходно го продолжи договорот со искусниот Иван Чупиќ, а во екипата пристигна и Томислав Јагуриновски, додека иднината на Глеб Калараш наскоро ќе биде решена.

Објавил: Владо Марин | 17 мај, 2020 21:47

ШАМПИОНИТЕ ОСТАНАА: Стоилов, Дибиров и Дисингер потпишаа нови договори со Вардар!

Фото/Текст извор: ©Sport 1 магазин.мк

Во текот на денешниот ден беше објавено дека Сергеј Горбок го напушта Вардар, но веднаш потоа пристигнаа добри вести од европскиот шампион.

„Црвено-црните“ и следната сезона ќе имаат моќна екипа откако денеска договорите ги продолжиле Стојанче Стоилов, Тимур Дибиров и Кристијан Дисингер.

Сите очекуваа да видат што ќе се случи со Вардар на чело со новиот претседател Михајло Михајловски, а по вестите дека тројцата фантастични ракометари потпишале нов договор, станува јасно дека европскиот шампион ќе има големи амбиции и во следната титула.

Вардар, освен со овие тројца ракометари, претходно го продолжи договорот со искусниот Иван Чупиќ, а во екипата пристигна и Томислав Јагуриновски, додека иднината на Глеб Калараш наскоро ќе биде решена.

Во следниот период, откако ќе се решат сите договори во клубот со сегашните ракометари, Вардар треба да тргне во ангажирање на нови играчи со кои следната сезона ќе се обидат да го вратат трофејот од Лигата на шампиони.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...