НАТО интегративната Македонија, за кое годишно ќе се плаќаат над 3 милиони евра чланарина, од професионални војници на АРМ ќе прави обезбедувачи на болници и шумари

Објавил: Мартин Попоски | 23 ноември, 2018 14:54

Шекеринска најави вишок во МО кои ќе работеле по претпријатија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

И во министерството за одбрана каде се нижеа огласи за нови работни места во предреферендумскиот период, ќе “летаат” откази.

Делот од несуштинските дејности во Министерството за одбрана и АРМ ќе се издвојат во посебно претпријатие кое може да биде државно, а дел од вработените и поранешните професионални војници ќе бидат прераспределени во други институции.

Со тоа треба да се намали големата бројност во Министерството за одбрана.

Ова го најави денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска на прес конференцијата на која го претстави Буџетот на Министерството за одбрана за следната година.

Точно е дека постои преголема бројка на вработени во Министерството за одбрана. Анализата што ја направивме ни покажа дека треба не само да се намали бројот на вработени, туку и да се промени структурата на вработените.

Не сакаме тој процес да биде болен и затоа размислуваме како да го направиме тоа. Имаме конкретни планови како еден дел од несуштински дејности на одбраната да ги префрлиме во ново можеби и државно претпријатие кое треба да дава услуга на МО, а дел од вработените и поранешните професионални војници да ги префрлиме во други институции. – рече Шекеринска.

Таа посочи и пример како тоа е решено во другите држави членки на НАТО.

На пример, во Хрватска исхраната и дел логистичката поддршка на армиите се префрлени во посебно државно претпријатие кое не е во склоп на министерството. Министерството ги плаќа услугите но не се занимава со вработените. – рече Шекеринска.

Прекубројните државни службеници и поранешните професионални војници по наполнати 45 години старост не можат да работат во Армијата, како што рече министерката, тие ќе бидат префрлени во други институции.

На пример во Министерството за здравство каде што ќе вршат одредени задачи за обезбедување. Потоа во шумската и судската полиција. Со овие институции веќе разговараме. – рече Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.