Шекеринска можеби треба прво да биде искрена кон припадниците на Армијата на Република Македонија, дека работат во очајни услови, пред да "проповеда" за НАТО интеграции

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 11:34

Шекеринска сака во НАТО, армијата во очај и беда

Фото/Текст извор: ©нетпрес.ком.мк/магазин.мк

Во фотофинишот од кампањата за референдумот за промена на името кој е претставен како шанса за ЕУ и НАТО интеграции, армијата ни се “рапаѓа”.

Македонија маршира кон НАТО, но без тенкови и возила во кои не е сменето маслото, а освен што војниците се жедни и гладни, не се ни бањати оти не работат тушевите во касарните, па можат да се тушираат само кога врне оти прокиснуваат покривите – пишува НетПрес.

До Министерството за одбрана се стигнати доверливи документи за логистичките проблеми и неисправности со кои се среќаваат војниците на АРМ во изинатиов период, а кои влијаат на способноста на командите и единиците.

Професионалните војници на АРМ немаат вода за пиење, јадат еднообразна храна, а некаде мораат да ја преваруваат водата за да готват оти водата е загадена со бактерии. Освен со храната и водата, припадниците на АРМ кубурат со основни средства за работа.

Особено проблематична е состојбата во Тенковскиот баталјон- 1 механизирана пешадиска бригада.

Во извештајот меѓу друго е наведено следното:

На тенковите „Т-72 А“ моторното масло и хидрауличното масло за топ е со истечен временски рок, потребна е нивна замена. Во баталјонот има три групи на исправни акумулатори. Обуката на тенковите Т-72 А ќе се изведува без стартување на мотор поради тоа што нема ново моторно масло.

Неисправни моторни возила (проблеми при поправка-недостаток на делови и персонал во техничките работилници). Неизвршени технички прегледи и баждарење на дел од техничко-материјални средства како што се АБХО и инженериски ТМС, КОРС тренажер за обука Реакт М-2000. Подолготрајна неисправност и проблеми во одржувањето на уредите од типот „Харис“ и намален капацитет кај изворите за напојување на уредите од типот „Харис“ и „Моторола“.

Освен што војниците останаа без флаширана вода, тоа особено се однесува на стражите, недостасуваат лекови во прирачните аптеки во состаот на стражите и издвоените објекти. Поради недостиг на воено-теренска униформа дел од персоналот нема задолжено втор комплет на униформа или одредени делови од униформата, а воедно неопходно е замена на делови на униформата.

Покривот од зградата на Командата на касарната „Чеде Фииповски Даме“ во Кичево е дотраен и протекува, постои опасност при поголеми снежни наноси на одредени места да се оштети. Во касарната „Страшо Пинџур“, гарнизон Петровец, неисправна е бензинска пумпа за точење на дизел гориво односно истото се точи од канистри. Протекува покривна конструкција на објект во касарната и објектот на касарнската стража.

Во гарнизон Петровец, касарна „Чојлија“ поради неисправен поккрив на објектот има протекување во просториите на единиците, а распукан е ѕидот во командата на АБХО.

Во касарната „Мирче Ацев“, гарнизон Прилеп, неисправна е една од линиите на грејната инсталација, потребно е санирање на дефекти на проводни цевки од котларата. Во касарната „Боро Менков“, гарнизон Куманово, подземниот резервоар за екстра лесно гориво е во неисправна сосотојба- протекува и привремено се користи надворешна цистерна.

Во штипската касарна „Јане Сандански“ нема осветлување во машинскиот простор, столаријата во 80 отсто од објектите за сместување на војниците е неисправна (дотраена, не дихтуваат прозорците). Тушевите на спратовите не се во функција, се користат само на приземјето.

На ИО „Криви Дол“ е потребна целосна реконструкција на осветлувањето и поправка на покривната конструкција на објектот каде е сместена стражата.

Карактеристичен е и случајот со касарната Кузман Јосифовски- Питу. Исто како и во претходно наведените касарни и овде има проблем со функционалноста на објектите. Поради неисправност на кровот и олуците од два павилјони доаѓа до одронување на фасадата од објектите, а поради неисправна водоводна инсталација во санитарните јазли протекува вода од вториот и првиот спрат.

Но посебен проблем за тетовската касарната е што од северозапаната страна, согласно урбанистичкиот план на град Тетово, поминува асфалтиран пат во изградба, кој е на повисока надморска висина од нивото на касарната па бетонскиот ѕид ја губи неговата основна функција односно нема улога на заштитен ѕид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.