Сообраќаен билтен на МВР за Град Скопје

Објавил: Мирко Бачиќ | 7 август, 2018 10:07

Шестмина повредени во осум сообраќајки во Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Едно лице е тешко повредено а пет полесно во осумте сообраќајни незгоди што се случиле на подрачјето на Град Скопје.

Од МВР информираат дека сообраќајната полиција санкционирала 36 возачи кои возеле со поголема брзина од дозволената а 24 биле исклучени од сообраќај.

Шестмина од исклучените возеле под дејство на алкохол – 13 управувале без дозвола а двајца биле почетници.

При контрола на возилата полицијата од сообраќај исклучила 10 возила од кои девет биле не регистрирани и едно технички неисправно.

Со помош на специјалното возило пајак отстранети биле 46 возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.