Во скопски Аеродром, полицијата, пожарникарите, брзата помош, инспектори од три ресори, армијата на Македонија, открија куп смрдени пелени и 10 шишиња полни со урина

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 6:18

Шилегов ја ангажираше и армијата за спас на “Скопјанка” од смрдени пелени

Фото/Текст извор: ©макфах.мк /магазин.мк

Вистинска драма синоќа приреди градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој ги алармираше и поражникарите, полицијата, специјалните единици на МВР па и армијата за спас на жителите од комплексот згради “Скопјанка” во општина Аеродром.

Според Шилегов, во акцијата “спас од смрдливи пелени” не настрадал ниту еден жител на оваа скопска општина.

Имено инцидентот започна околу 18 часот при што жителите од зграда на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, се евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.

Веднаш на терен се појавија Полицијата, Противпожарната екипа и Брза помош се повикани на терен. Се проверуваше влезот на зградата, каде што неофицијално била фрлена некоја материја или пиротехничко средство.

Полицијата реагирала по пријава на станарите кога се пожалиле на непријатната миризба што се ширела во влезот на зградата која се наоѓа во близина на Трговскиот центар “Скопјанка”.

Станарите велат дека не знаат што се случува, им било кажано само да ја напуштат зградата. Противпожарната единица со 5 пожарникари и едно возило ги евакуирала сите станари од влезот. Сега влезе полицијата да утврди за што се работи, вели командантот на Противпожарната единица на град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Како е соопштено станарите во зградата во близина на Трговскиот центар “Скопјанка” во Аеродром биле евакуирани со гас-маски. Петмина пожарникари учествувале во евакуацијата на станарите кои синоќа се пожалиле на интензивна миризба и печење на очите во влезот на зградата, што траело подолго време. На терен пристигнаа и инспектори од Министерството за животна средина.

Околу 18 часот добивме дојава од граѓани што почувствувале остар мирис во влезот по што беше испратена екипа. Поради остриот мирис, почната е евакуација на луѓето со помош на гас-маски. – изјави командирот на Противпожарната единица на град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Според него, самата миризба го иритира грлото и пречи на дишењето, па било неопходно да се евакуираат станарите на безбедно.

Чекаме да дојде инспектор од Министерството за животна средина и од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата. Не се забележани остатоци од течност или што било. Не е забележано ништо оставено во влезот. Нема повредени, а екипа на брзата помош беше повикана поради превентива. – додава Томевски.

Последен на местото на настанот пристигна Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, кој направи увид на состојбата со зградата кај “Скопјанка” кој истакна дека се чекаат и единици на АРМ за радио хемиска и биолошка деконтаминација, кои ќе дојде со инструменти да го измери квалитетот на воздухот. Повикани беа и инспектори од Институтот за јавно здравје за да се утврди дали е безбедно враќањето во зградата.

Дилемата ја реши Шилегов со видео и фото запис.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов потврди дека миризбата во зградата во Аеродром e oд мноштво користени пелени во станот со број 11. Според него, граѓаните по дезинфекцијата, по шест часа поминати надвор можат да се вратат дома. Во посочениот стан со број 11 живееле две жени од кои едната е 90-годишна. Еден од станарите, е убеден дека тоа не е единствената причина за миризбата.

Станарот тврди дека специјалци со гас-маска ја ваделе неговата внука од домот.  Нека утврдат стручни лица, за да се види што е. Син ми кашла. Како може да е од амонијакот?” – го праша тој градоначалникот Шилегов.

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде беа евакуирани изјавија дека причината за смрдеата е нехигиена во еден од становите. Тие забележале мноштво употребувани пелени со измет, а пак, под скалите во зградата престојувал бездомник имало 10-ина шишиња полни со урина.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.