Инаку Арпад Штербик, пред две години играше во Вардар и заедно со ракометарите го подигна европскиот трофеј, но вчера се бореше за истиот трофеј, но овој пат во дресот на Вестпрем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 3 јуни, 2019 19:17

Штербик се огласи по победата на Вардар- еве што изјави за шампионите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Арпад Штербик, голманот на Вестпрем кој вчера со тешко срце ги одбрани топките упатени кон неговиот гол од поранешните колеги од Вардар, по победата на македонскиот ракометен клуб изјави дека знае зошто Вардар и воој пат ја однесе титулата европски шампион.

Штербик пред две години славеше за титулата европски првак во дресот на Вардар

Инаку Арпад Штербик, пред две години играше во Вардар и заедно со ракометарите го подигна европскиот трофеј, но вчера се бореше за истиот трофеј, но овој пат во дресот на Вестпрем.

Штербик беше повреден и беше неизвесно дали воопшто ќе се појави на вчерашниот натпревар, но сепак застана на голот на стартот на второто полувреме.  

Инаку Вардар вчера го совлада Вестпрем и по втор пат ја доби титулата европски ракометен шампион. Екипата на Роберто Гарсија Парондо забележа победа во финалето на „Ф4“ во Келн против Веспрем со 27:24 (16:11).

Но Арпад Штербик ја честиташе победата на своите поранешни колеги од Вардар, и објасни зошто повторно титулата отиде во раце на македонскиот шампион.

Финалето треба да ви биде како последен меч, така се освојува титула. Дел од нашите играчи не го увидоа тоа, шанса која можеби друг пат нема да дојде. Вардар играше неверојатно, порача Штербик.

Штербик изјави дека неговиот сегашен тим Веспрем лошо го стартувал натпреварот, а еден ваков финалист неможе да си дозволи лоша игра.

Немав фрактура, но не можев да одам сабајлето. Тетивата многу ме болеше и имав проблеми со движењето. Се обидов да направам се за да помогнам на тимот. Не го стартувавме добро натпреварот, еден финалист во Лигата на шампионите не смее да игра на таков начин. Примавме лесни голови, блокот не функционираше. Миклер беше фрлен во оган, беше многу тешко за него. Моравме да играме како да ни е последен меч, а не го направивме тоа. Навистина ми е жал, посебно поради Наѓ и Илиќ кои се пензионираат. Исто ми е жал и за други играчи, не сум сигурен дека повторно ќе се вратат тука во финалето – додал Штербик.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски...