Корекции во Член 165-а од Кривичниот законик ќе да се пожелни и за СДСМ

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 10:58

Што се случи со предметот на ОЈО за СДСМ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

СДСМ тврди дека договор за формата на Референдумот и текстот на прашањето нема затоа што ВМРО – ДПМНЕ бара интервенции на Член 165 од Кривичниот законик на Република Македонија. Тоа е истиот Член за кој Основното јавно обвинителство покрена предистражна постапка во 2017 година но за СДСМ за изборите во 2016 година.

Имено во 2017 година Основното Јавно обвинителство започна предистражна постапка за како тогаш се именуваше една партија и против една фирма кои се под сомнение за злоупотреба на пари за последните избори кои се одржаа на 11 декември 2016 година. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи.

Од ОЈО тогаш изјавија:

“Во рамките на постапката досега се преземени претходни дејствија – побарана и прибрана е материјална документација – релевантни писмени докази а во просториите на Основното јавно обвинителство сослушани се повеќе од 70 лица сведоци. Кога ќе се стекнат законски услови, ќе објавиме конкретни податоци.”

Постапката немаше правна завршница како Марко Зврлевски со 64 гласа во парламентот беше сменет во август 2017 година а актуелниот Јавен обвинител Љубомир Јовески беше избран со 61 глас во парламенот декември истата година со што до денес не се знае до каде е предистражната постапка на Јавното обвинителство и дали има или не елементи за сторено кривично дело.

Дали негодувањата за измени во Кривичниот законик особено по Член 165 се само добро режирана политичка игра на партиите?!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.