Таа на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од заедничката дружба и подготовката на оброците за оние на кои им се најпотребни.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2019 18:44

Ја покажа и својата хумана страна: Силјановска подготви 50 оброци за социјално загрозените семејства

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Педесет оброци за социјално загрозените семејства и ранливи категории деца, подготви денеска кандидатката за претседател на Република Македонија поддржана од опозициската партија ВМРО, проф. д-р Гордана Силјановска.

Таа во граѓанскиот штаб заедно со останатите хуманитарци подготви оброци за социјално загрозените семејства. Силјановска веќе на неколку пати изјави дека доколку дојде на позиција претседател на Република Македонија, ќе се бори против сиромаштијата.

Професорката Силјановска подготви 50 оброци за социјално загрозените семејства

Професорката Силјановска Давкова во текот на изборната кампања истакна дека ќе биде првата амбасадорка која ќе се бори со сиромаштијата. Таа истакна дека како претседател на државата ќе се грижи за проблемите на граѓаните, односно дека постојано ќе биде со граѓаните, бидејќи нивните проблеми се и нејзини проблеми.

 

Штитениците на СОС детско село веќе ги добија оброците кои ги подготвивме! Им благодарам на сите што учествуваа. Ќе се држам до заклетвата дадена пред Банка за храна дека во мојот мандат ќе работам на намалување на сиромаштијата и искоренување на гладта. Оваа акција на подготовка на храна за најранливите ќе биде традиционална откако ќе станам Претседателка. Ќе го вклучам целиот државен врв и дипломатскиот кор во земјата, додаде Силјановска Давкова.

Таа на својот Фејсбук профил објави неколку фотографии од заедничката дружба и подготовката на оброците за оние на кои им се најпотребни.

Денеска посветивме време и енергија да подготвиме оброци за оние на кои што им е најмногу потребно во овие празнични денови. Оние кои што не се во можност да ги поминат празниците како што повеќето млади го прават тоа. Мојата кампања „Прави добро“ ја започнавме со подготовка на 50 оброци за СОС Детско Село, за која се надевам дека откако ќе станам претседателка ќе прерасне во традиција на која ќе се придружат дипломати и јавни личности,напиша Силјановска на Фејсбук.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.