Да сте живи и здрави се гледаме после карантинот, напиша Тарчуловски на својот фејсбук профил!

Објавил: Владо Марин | 14 октомври, 2020 20:10

Јохан Тарчуловски заразен со Корона вирус: Се чуствувам добро

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Јохан Тарчуловски македонскиот бранител, поранешен инспектор за придружба во Службата за обезбедување на претседателот на Македонија Борис Трајковски и во војната во Македонија во 2001 година, објави дека е позитивен на корона вирусот!

Зарем некое зло ќе ме одмине. Нема шанса, ПОЗИТИВЕН сум на тестот за Ковид. Немам никакви проблеми се надевам ќе остане така и до крај, напиша Тарчуловски на својот фрјсбук профил!

Исто така поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), кој е  обвинет во неколку случаи на поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), Сашо Мијалков е позитивен на коронавирусот, потврди неговиот адвокат.

Претходно во средата беше објавено дека Мијалков не се појавил на денешното рочиште за случајот „Таргет Тврдина“, поради сомневање за инфекција со коронавирусот поради повисока телесна температура, откако било потврдено дека неговата сопруга македонската примабалерина Александра Мијалкова била позитивна.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.