Гласот на Деркоски во судница за случајот "Титаник" случајно или наменски пред референдумски?

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 12:22

Ќе “изгори” ли Деркоски пред Референдумот?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Актуелниот претседател на Државната изборна комисија на Република Македонија Оливер Деркоски денес дел од нелегално стекнатите прислушкувани материјали кои јавно се преслушуваат во судницата на Кривичниот суд во Скопје каде започна процесот на случајот на Специјалното Јавно обвинителство против поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ под името “Титаник”.

Деркоски кој неодамна истакна дека политиката ја остава за по дома а на работа во ДИК е стриктно професионалец денес можеше да се слушне како во аудио записите кои беа презентирани во судницата прима наредби од поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески токму за процес во периодот во изборниот молк за изборите во 2011 година.

Имено два дена пред изборите во 2011 година Деркоски добил инструкции од поранешниот министер за транспорт сега обвинет Миле Јанакиески да се залепат плакати за сателитската партија СДПМ за да се збунат гласачите на СДСМ. Тоа е партијата која на секои избори излегува со листи со имиња слични на имињата на кандидатите од СДСМ за да ги збуни гласачите.

Во еден од разговорите од 30-ти мај 2011-та година Јанакиески му вели на Деркоски кој тогаш бил директор на Македонски железници “Транспорт” дека ќе добијат материјали и насоки за денот на гласањето.

Дали ВМРО – ДПМНЕ ги знаеше овие докази на СЈО пред да го предложи Деркоски за кандидат за член на ДИК па и нејзин претседател? Дали Деркоски знаеше дека постојат овие аудио записи? Дали се ова воопшто не е исцениран добар тајминг за тензии во највисокото избирачко тело токму на 20 дена пред почетокот на официјалната кампања за Референдумот за Договорот со Грција познат и како Референдум за промена на името?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.