Неговата вчерашна најава дека Собранието ќе заседава денеска, според нашите извори, била оценета за самоволно солирање на Џафери среде преговорите за формирање нова влада, а реакции имало дури и од врвот на ДУИ!

Објавил: Владо Марин | 13 август, 2020 10:13

Џафери си најде образложение за премислувањето: Нема да има седница оти добил внук

Фото/Текст извор: ©360 степени

Наспроти официјалното објаснување дека Талат Џафери денеска нема да закаже продолжение на конститутивната седница поради „објективни семејни причини“, „360 степени“ дознава дека вистинските причини за премислувањето на Џафери се политички

Неговата вчерашна најава дека Собранието ќе заседава денеска, според нашите извори, била оценета за самоволно солирање на Џафери среде преговорите за формирање нова влада, а реакции имало дури и од врвот на ДУИ!

Претседавачот со конститутивната седница на Собранието, Талат Џафери, денеска нема да закаже продолжување на конститутивната седница поради објективни семејни причини, велат од неговиот кабинет. Додаваат дека дополнително ќе ја информираат јавноста кога ќе има нови информации.

Џафери доцна синоќа на својот профил на „Фејсбук“ објави дека добил внук од неговата ќерка Бесиана, а меѓу бројните честитки е и таа на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„360 степени“ синоќа еден час пред фејсбук-постот на Џафери објави дека тој се откажал од намерите за денеска да закаже продолжување на конститутивната седница на која треба да се бира претседател на Собранието. Како што објавивме, иако заседанието не било официјално закажано, тој во текот на вчерашниот ден побарал од собраниските служби да ги почнат подготовките за продолжување на седницата денеска.

Џафери лично во изјава за медиумите рече дека одлучил да ја продолжи конститутивната седница откако претседателот на државата, Стево Пендаровски, најави дека денеска ќе му го врачи мандатот за формирање на Влада на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„Од медиумите дознав дека Пендаровски ќе му го додели мандатот на Заев, што според Уставот значи дека Заев има мнозинство и дека е подготвен за избор на претседател на Собранието со што ќе заврши и официјално конститутивната седница и Собранието ќе биде конституирано. Затоа им дадов насоки на собраниските служби за утре да подготват продолжение на конститутивната седница“, рече вчера Џафери.

Наспроти официјалното објаснување дека Талат Џафери денеска нема да закаже продолжение на конститутивната седница поради „објективни семејни причини“, „360 степени“ дознава дека вистинските причини за премислувањето на Џафери се политички. Неговата вчерашна најава дека Собранието ќе заседава денеска, според нашите извори, била оценета за самоволно солирање на Џафери среде преговорите за формирање нова влада, а реакции имало дури и од врвот на ДУИ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.