Џафери додека течат уставните измени, преговара за Закон за поранешните војници, ветераните и семејствата на паднатите борци на ОНА, со поранешните негови соборци

Објавил: Мартин Попоски | 8 ноември, 2018 9:35

Џафери со поранешни терористи преговара за Закон за УЧК?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Откако му помогна на Заев во (от)купувањето пратенички гласови за почеток на уставни измени, Талат Џафери се врати на старите армиски денови, како командант Форина.

Имено според извори до законодавниот дом, поранешни војници – терористи на УЧК  во Македонија заведена и како ОНА, пред некој ден оствариле средба Талат Џафери, на која што се разговарало за доставување на закон за поранешните војници, ветераните и семејствата на паднатите борци во собраниска процедура.

Џафери средбата ја реализирал во кабинетот на претседателот на Собранието на Македонија.

Од извори од законодавнот дом се пренесува дека законот за поранешните војници, семејствата на паднатите борци и воените инвалиди кој е изготвен од поранешни војници – терористи на УЧК, е веќе готов и поранешните војници очекуваат да влезе во собраниска процедура, а потоа, како што велат тие, работа на политичките партии е да го усвојат истиот.

Освен со Талат Џафери, како информираат од законодавниот дом поранешните војници – терористи се сретнале и со народниот правобранител Иџет Мемети, со кој се консултирале за институционализирање на ова уставно право.

Џафери познат како командант Форина цел животен век го поминал во армиските служби, прво како офицер на ЈНА, потоа како офицер на АРМ, во 2001 година бил командант на тетовската касарна, но дезертира и преминува во тероистичките редови на ОНА и УЧК каде го предводи 112-тиот т.н. батаљон “Мујдин Алиу” кој е директно одговорен за масакрот кај Вејце во кој животот го загубија осум припадници на македонските безбедносни единици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.