Косовскиот рамковен договор веќе е изготвен, на 11 ноември во Париз, Трамп, Макрон, Меркел но и Путин на средби со Вучиќ и Тачи да стават крај на косовскиот проблем

Објавил: Мирко Бачиќ | 29 октомври, 2018 11:39

11 ноември, пресуден датум за преговорите Белград – Приштина

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Преговорите меѓу Белград и Приштина можно е конечно да се приближат до решение на 11 ноември во Париз.

Како е предвидено на тој датум Александар Вучиќ и Хашим Тачи можно е да разговараат со четирите најмоќни лидери во светот за решавање на Косовското прашање.

Како се наведува претседателот на Србија ќе има средба во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел, а можно е и со претседтаелот на САД Доналд Трамп и на Русија, Владимир Путин.

На средбите веќе е извесно дека ќе присуствува и претседателот на Косово Хашим Тачи.

Средбите се очекува да се случат на свеченоста по повод 100-годишнината од завршувањето на Првата светска војна, а за неа медиумите пишуваат дека е „почеток на патот кон трајно помирување можно е да најдат Србите и Албанците, чија историја на судири е подолга од еден век“.

Истакнати аналитичари тврдат дека вклучувањето на Трамп и на Путин ќе донесе целосно нов формат на дијалогот што би бил поместен од Брисел и би бил извесна мировна конференција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести