43 ден откако е притворен Боки 13 и се уште нема дадено исказ пред ЈО

Објавил: Узунов Бобан | 27 август, 2019 11:43

„43 ден откако е притворен Боки 13 и се уште нема дадено исказ пред ЈО- Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат случајот Рекет“

Фото/Текст извор: ©магазин

43 ден откако е притворен Бојан Јовановски и се уште нема дадено исказ пред Јавното обвинителство како првоосомничен за случајот „Рекет“. Заев и власта се очајни во обидите да го заташкаат целиот случај и да прикриваат вмешаност на останати функционери и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Поголем доказ за паниката на власта од притисокот кој што го вршат секојдневно врз медиумите нема. До скоро за Заев демократијата на едно општество зависеше од слободата на говор и медиумите. Tој велеше дека медиумите треба да работат ослободени од какви било притисоци, и да ги информираат граѓаните без цензура, a сега истото одеднаш не важи кога се обелоденува нешто што на власта не и одговара. Русковска и Јовевски да сакаа да ја забрзаат истрагата до сега ќе беа повикани сите вмешани во случајот чии имиња се спомнуваа цели четири месеци откако е обелоденет овој скандалозен случај. Напротив, Јовевски ја негираше вмешаноста на политичари во рекетот, но гледаме дека Заев ги предупредил обвинетите. Со опструирање, со забошотување и развлекување на истрагите, Заев само добива на време, стои во партиското соопштение и се додава:

„До пред три години власта ветуваше владеење на правото и нулта толеранција за корупцијата. Судството не само што не се исчисти туку се затрупа во криминалите на октоподот. Јавното обвинителство во овој состав не може да понуди професионалност и објективност затоа што оддалеку се гледа нивниот обид да ја амнестираат на секој начин вмешаноста на функционерите на власта во криминалните шеми на октоподот. Картите се на маса и се отворени. до каде се Коки, Кики, Фрики и Шеки да бидат прашани од Русковска за што им служеше меѓународниот сојуз и нивната вмешаност во криминалните шеми? Зошто Вилма Русковска ги заштитува функционерите на власта, и од што се плаши Љубомир Јовевски?“.

На граѓаните, подвлекуваат од партијата, но и на евроамбасадорите од меѓународната заедница им е јасно дека целиот случај се претвори во телевизиско шоу, каде оние кои што треба да го гонат криминалот на власта, се ставиле во негова заштита или пак се дел од криминалната банда.

-На рекетарската банда ќе и дојде крајот, а тогаш одговорноста ќе биде нужна и рекетарите и сите помагачи ќе одговараат и никој нема да застане на патот на правдата, затоа што само преку обелоденување на вистината и одговорност може да се надеваме на обнова на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.