Репрезентативците на Марково се вистинско изненадување на ова првенство. За потсетување, тие со својата пожртвувана игра претходно во осминафиналето успеаја да ја елиминираат репрезентацијата на Шпанија.


Фото: EPA-EFE/Ali Haider
Напаѓачот и најголема ѕвезда на Португалците, Кристијано Роналдо и овој меч го започна на клупата за резервни играчи. Во игра влезе во 51. Минута, кога селекторот на Португалија реши да го стави на местото на Рубен Невеш.

Португалија имаше доволно време да израмни, напаѓаше силно, но не успеа да ја затресе мрежата на одличниот голман на Мароканците, Боно.


Фото: EPA-EFE/Georgi Licovski
Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот од вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство во Катар што ќе го играат репрезентациите на Франција и Англија.

Вчера во драматични натпревари, со пресврти за пласман во полуфиналето се изборија репрезентациите на Хрватска и Аргентина кои се првата полуфинална двојка.

Мароко испиша историја: Ја победи Португалија и оди во полуфинале на Светското првенство во Катар

Мароко во полуфиналето ќе ги одмери силите со подобриот во вториот денешен четвртфинален натпревар на Светското првенство...

admin@magazin / 10 декември, 2022 18:45

Нашиот ас имаше бројни извонредни настапи во дресот на Џенова, по што бројни „фаци“ во италијанскиот фудбал предводени од Антонио Конте апелираа до Пандев дека има да покаже уште многу на терените и дека не треба да се пензионира.

Пандев донесе одлука, ќе игра уште една година!

Горан Пандев е подготвен да продолжи да игра фудбал уште една година, одлука што најдобриот македонски фудбалер на сите времиња...

Владо Марин / 26 јуни, 2021 9:09

„Игор Ангеловски самиот најави дека по завршувањето на Европското првенство ќе бара нови предизвици во својата кариера и сега е време ние да ја почитуваме неговата одлука и да ја покажеме нашата благодарност за неговата работа и страст во сите овие години на чело на македонската А репрезентација“.

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација

Благоја Милевски од 1. август нов селектор на македонската А репрезентација Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска...

Владо Марин / 25 јуни, 2021 13:50

Натпреварот против Холандија, утре со почеток од 18 часот, ќе биде 122. за 37-годишниот Пандев од неговото деби во националниот дрес во 2001 година во мундијалските квалификации против Турција.

Горан Пандев утре го игра последниот меч за Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев објави попладнево дека става крај на репрезентативната...

Владо Марин / 20 јуни, 2021 19:56

Со Холандија треба да одиграме како што го одигравме второто полувреме против Украина

Ангеловски: Во второто полувреме покажавме дека заслужено сме на ова Европско првенство

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски е задоволен од настапот на своите фудбалери во второто полувреме, вели дека така...

Македонка Димкин / 17 јуни, 2021 18:18

Навиваме за голови, за победа, но пред сѐ навиваме и за овој досегашен македонски успех. Навиваме за ова ваше и наше време!

ЗАЕВ: Навиваме за голови, за победа и за Македонскиот успех

Премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи и министерот за економија, Крешник Бектеши,...

admin@magazin / 13 јуни, 2021 17:23

Напред момци, цела држава навива за вас, напиша Заев!

Заев, Османи и Бектеши слетаа во Букурешт да навиваат за македонските фудбалери

Доаѓаме за да ги поддржиме македонските репрезентативци. Заедно сме посилни, само сплотени можеме да успееме, напиша на социјалните...

Перо Милчин / 16:26

Ние ќе бидеме заедно со нив и заедно со многубројните фанови и целокупната јавност и од срце ќе ги бодриме. Истовремено веруваме, се надеваме и посакуваме дека нашите фудбалери со својата игра и залагање ќе не исполнат со радост и гордост”.

Обраќање на Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија

Обраќање на Муамед Сејдини – претседател на Фудбалска федерација на Македонија  “А, таква беше годината. Некои ќе кажат...

Перо Милчин / 12 јуни, 2021 9:42