Заморот од динамичните денови, состаноци и службени патувања кои се составен дел од мојата работа, немаат никакво влијание врз потребата да поминам квалитетно време со моите деца секојдневно. Нивните потреби, нивниот образовен пат и нивната потреба од разговор, мајчинска љубов и внимание секогаш имаат приоритет.

Во вечерните часови сакам да бидам со моите пријатели во мирна и опуштена атмосфера, иако се потешко наоѓам слободно време. Но, моите блиски и сакани луѓе секогаш имаат разбирање.



Денот ми завршува многу доцна, понекогаш на повидок е наредниот ден. Од сопствената креативна енергија за создавање на нови нешта не можам да побегнам. И така постојано во круг.

Но, затоа тука се викендите кога бегам од градската гужва и се препуштам на мирот и спокојот кој го црпам од природата. Уживам во зеленилото на шумите или синилото на водите кои ми овозможуваат да ја оддржувам мојата емоитвна и ментална хармонија.

(ФОТО)Петре Шилегов се потсети на младоста

Поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, со фотка на Фејсбук се потсети на младоста. На фотографијата е со неговата...

admin@magazin / 7 март, 2022 7:01