На прес-конференцијата присуствуваше премиерот на Приштина, Албин Курти, кој ги повика граѓаните да не паничат.

Објавил: Рејхан Бајрами | 13 март, 2020 19:37

КОРОНА ВИРУСОТ ЗА ПРВ ПАТ СТИГНА ВО КОСОВО: Двајца заразени во Приштина!

Фото/Текст извор: ©Foto: EPA/NICOLA FOSSELLA магазин.мк

Приштина ги идентификуваше првите два случаи на инфекција со коронарна вирус денеска, потврди косовскиот министер за здравство Арбен Витија, пишува приштински „Коха“.

Витија рече дека биле тестирани 15 лица, од кои две биле позитивни, а пациентите биле на Клиниката за инфективни болести.

Косово денеска ги потврди првите случаи на коронавирус, со што во Европа остана само уште една земја во која тој не е регистриран – Црна Гора. Косовските власти објавија дека се заразени 20-годишна Италијанка и 77-годишен маж.

Тој рече дека првиот е 20-годишен италијански државјанин и друг 77-годишник од Косово.

На прес-конференцијата присуствуваше премиерот на Приштина, Албин Курти, кој ги повика граѓаните да не паничат. Во средата, Косово ги затвори сите училишта и забрани јавни собири до 27 март, како и летови од Италија и уште неколку европски земји.

Во последните 24 часа во Италија починале 250 заболени од коронавирус, јавуваат медиумите. Евидентирани се 2.116 нови случаи. Вкупно позитивни се 14.955 лица, објавија медиумите.

„Социјална дистанца е клучот на спречувањето на ширењето на заразата. Наредните недели ќе бидат клучни и сѐ ќе зависи од однесувањето на секој поединец“, изјави специјалниот комесар, Анџело Борели.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Косово

Објавени се снимки на кои, според тврдењата на Приштина, се гледаат почетните напади, кога е и убиен припадникот на косовската полиција.

Свеља кажа дека снимките биле најдени во еден од дроновите запленети во Бањска, кој, како што кажа, „бил во рацете на терористите“.

Косовската полиција објави две снимки тврдејќи дека на нив се гледа почетокот на судирот меѓу групата Срби и косовската полиција.



„Видеото ги прикажува првите напади на терористичката група на косовската полиција. Нападите, како што се гледа, се извршени со различно оружје, почнувајќи од зоља и друго тешко вооружување“, тврди косовскиот министер.



Полицијата на Косово објави и фотографии од запленето оружје за кое тврдат дека е произведено во Србија, а дека дел од оружјето и муницијата се произведени во последните години.

Претходно премиерот на Косово Аљбин Курти објави снимки кои, како што тврди, покажуваат дека оружената група од Бањска за нападот се спремала на воен полигон во Србија.

Косовската полиција објави снимки од почетокот на нападот во Бањска (ВИДЕО)

Косовскиот министер за внатрешни работи, Џељаљ Свечља, продолжи да објавува снимки...

Кандидатурата на Косово доби поддршка и од Албанија, каде што ќе се одржат дел од настаните. Позитивна оценка за кандидатурата даде и комисија на МКМИ, која престојуваше во Косово пред една недела.

Косово ја доби организацијата на Медитеранските игри 2030

Генералното собрание на Меѓународниот комитет на Медитеранските игри (МКМИ), што се...

Тие оценија дека безбедносната состојба на северот на Косово е вознемирувачка и тензична.

ЕУЛЕКС: Вознемирени сме од присуството на вооружени и маскирани лица и групи на север од Косово

Мисијата на Европската унија за правда (ЕУЛЕКС) денеска соопшти дека за време на патролите...