Србија целосно ќе ги отвори своите граници од 1 јуни, но само со четири околни земји.
Како што дознава курир.рс, движењето со Македонија, Албанија, БиХ и Црна Гора ќе биде целосно либерализирано.
Оваа одлука е донесена затоа што ниту една од овие земји не беше во фокусот на вирусот корона.
Тоа беше донесено пред се заради студенти од Република Српска и Црна Гора, кои ќе се движат меѓу трите држави.
Границите на Србија беа затворени од 16 март.
Брнабиќ за РТС изјави дека границите остануваат отворени за српските државјани кои се враќаат од странство, како и за дипломатите и странските државјани со дозвола за престој во Србија.
Брнабиќ тогаш изјави дека на граѓаните на Србија не може да им се забранува движењето.
Претходно Владата на Република Србија донесе Одлука за ограничување на цените на основните прехранбени производи, заштитната опрема и средства за дезинфекција. Владата исто така донесе Заклучок со кој се забрануваа јавни собири во затворен простор до 50 лица, со што се намлува бројката до 100 луѓе колку претходно беше дефинирано.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.