Кривични пријави против десет лица од Скопје за проневера во службата и злоупотреба на службена должнност, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица од Скопје, вработени во АД Пошта, подружница Чаир, заради постоење на основано сомневање дека сториле кривичните дела “Проневера во службата“ и “Фалсификување службена исправа“.
Пријавените, деветмина шалтерски работници во посочената подружница, заедно со нивниот претпоставен десетопријавениот во вкупно 26 наврати во временскиот период од февруари до ноември 2019 година со фалсификување на 26 налози за исплата – Образец ПП40, од лични трансакциски сметки сопственост на 26 физички лица, депоненти во банка од Скопје, неовластено присвоиле туѓи парични средства кои им биле доверени во вршењето на службата и прибавиле противправна имотна корист за сметка на десетопријавениот во вкупен износ од 1.570.822 денари.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.