Овој потег беше најавен во знак на протест против планот на Израел за анекција на делови од Западниот брег, изјави денеска палестинскиот официјален претставник Саеб Ерекат.

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 мај, 2020 10:49

ЦИА ДОБИ ШАМАР КАКОВ ШТО НЕ ОЧЕКУВАШЕ: Удар за американската Централна разузнавачка агенција од Палестина!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Beta

Службата за безбедност на палестинските власти ќе престане да разменува информации со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Овој потег беше најавен во знак на протест против планот на Израел за анекција на делови од Западниот брег, изјави денеска палестинскиот официјален претставник Саеб Ерекат.

“Поминаа 48 часа откако ЦИА беше известена дека договорот со нив веќе не е во сила. Нема повеќе безбедносна соработка со Соединетите држави. Нема повеќе безбедносна соработка со Израел”, рече Ерекат, главниот палестински преговарач за мир.

Палестинската власт ги прекина врските со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во декември 2017 година, кога го призна Ерусалим како единствена израелска престолнина.

ЦИА се смета за најдобрата и најголемата тајна служба. Некои служби се подобри од другите, а за тоа е пресуден начинот на кој се справуваат со проблемите

Дел од врската, сепак, продолжи, вклучително и соработка меѓу безбедносните служби на палестинската власт и ЦИА.

Иако не се познати детали за таа соработка, за нив се верува дека се однесуваат на палестинските екстремистички организации како што е Хамас, кои Израел и САД ги сметаат за терористички.

Ерекат не откри што ќе значи прекинувањето на соработката, а амбасадата на САД во Ерусалим одби да ја коментира неговата изјава, јавуваат израелските медиуми.

Американскиот државен секретар Мајк Помпео, поранешниот шеф на ЦИА, во средата изрази надеж дека безбедносната соработка ќе продолжи.

Откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја објави својата намера да анексира клучни делови на Западниот Брег, палестинскиот претседател Махмуд Абас во вторникот изјави дека палестинската власт повеќе не е обврзана со договори со Израел и Соединетите држави.

Палестинците имаат намера да формираат своја независна држава на целата територија, со Источен Ерусалим како главен град. Таа држава би го вклучила и Појасот Газа.

Палестинците сметаат дека планот на Трамп означува крај на напорите за решавање на нивниот конфликт со Израел „по моделот на две држави“ – со воспоставување независна Палестина заедно со Израел.

Абас претходно се закани дека ќе стави крај на безбедносната соработка со Израел, но тој не го стори тоа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.