Според германските медиуми, Трамп повторил дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 16 јуни, 2020 12:01

ТРАМП ЖЕСТОКО ЈА НАПАДНА ГЕРМАНИЈА: За НАТО должите милијарди, мора да си платите!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs/Tanjug

Американскиот претседател Доналд Трамп остро го нападна својот сојузник во Европа, Германија, ја набеди  за наводни долгови кон НАТО и за Северен тек 2.

Според германските медиуми, Трамп повторил дека има намера да повлече 10.000 американски војници од Германија.

„ Од Германија веќе со години недостасуваат исплати и таа должи на НАТО, милијарди долари  и тие треба да го платат тоа “, рече тој на состанокот во Белата куќа.

Соединетите држави сакаат да ја спречат изградбата на Северен тек 2 и воведоа санкции на крајот на минатата година.

Тој посочи дека Соединетите држави постојано мора да ги надоместваат парите кои недостасуваат од Германија.

Според него, Германија „ги користи Соединетите држави, како во трговијата така и во НАТО“.

Трамп повеќе пати претходно изјави дека Германија одбива да ги зголеми трошоците за одбрана, со цел да ја постигне целта на НАТО од два проценти  БДП.

Имено, целта на сите сојузници на НАТО е да издвојат најмалку два проценти од БДП за одбрана до 2024 година, а Германија, иако ги зголеми своите трошоци во оваа област, беше само 1,38 проценти од БДП минатата година.

Според германските медиуми, Трамп повеќе нема да го прифати тоа и одлучи да го намали бројот на американски војници во Германија на 25.000.

Во тој поглед, како што пишува весникот „Билд“, тој посочи дека тоа ќе донесе негативни последици за германската економија.

„Тоа се добро платени војници. Тие живеат во Германија, тие трошат многу пари во таа земја“, рече тој.

Тој се осврна и на наводно неправедното однесување на Германија во трговијата.

„Ние преговараме со нив, но во моментов не сум задоволен од договорот што тие сакаат да го постигнат“, рече Трамп во врска со преговорите со ЕУ за слободна трговија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.