Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 јули, 2020 10:22

Али Ахмети: Заев нема да биде премиер, претера со своите изјави!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На вчерашниот митинг во Гпстивар, лидерот на ДУИ, Али Ахмети е оптимист кога станува збор победата на неговата партија на изборите на 15 јули. 

-Ништо на подарок не сме добиле. Јас лично на свој грб сум почувствувал во изминативе 20 години. Тие, мислиш срцето си им го откорнал за некое унапредување на Албанец или за нивните национални права. Исто така и за инвеститорите Албанци за кои сме барале да бидат поддржани и да просперираат, рече Ахмети.

ДУИ за свој кандидат за премиер го промовираше Насер Зибери, поранешен новинар кој работел  во весникот „Флака е влазеримит“. Тој Во 1990-тите се вклучил во политиката, станувајќи Претседател на огранокот на ПДП во Општина Карпош. Во периодот од 1994 до 1998 година бил Генерален секретар на ПДП.
На Парламентарните избори од 1990 и Парламентарните избори од 1994 година бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП. Како пратеник бил член на Претседателството и координатор на пратеничката група на ПДП во Собранието на Република Македонија, Претседател на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член на пратеничката група на Собранието на Република Македонијаза соработка со парламентите на Кралство Норвешка, Република Финска, Кралство Шведска, Кралство Данска и Република Исланд.Во периодот од 28 февруари 1996 до 30 ноември 1998 година ја извршувал функцијата Министер за труд и социјална политика на Република Македонија и потпретседател на Владата на Република Македонија. На Парламентарните избори од 1998 година повторно бил избран за пратеник во Собранието на Република Македонија од редовите на ПДП.По повлекувањето од политичката сцена, Зибери работи како нотар.

Ахмет пред гостиварци рече дека Албанците заслужуваат премиер на државата, тој посочи дека изминативе години ДУИ, се избори за државни раководни функции, на кои беа назначени многу Албанци и сите тие работеле за доброто и напредокот на државата.

-Ние не бараме нешто за да им ја уништиме среќата. Ние си го бараме своето. Нашето си наше и со тоа нема мајтап. Секако и ним им е тешко, ама ние не сме избрани за да правиме задоволства, не сме избрани за да материјализираме и да обезбедуваме лична егзистенција, туку да носиме и тешки одлуки, подвлече Ахмети.

Во своето обраќање, Ахмети се осврна  и на прозивките на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека за ДУИ е најдоборо да оди во опозиција и дека нема да имаат премиер.

-Засега останува на мене дали некогаш ќе пишувам мемоари за овие минати 20 години. Но, Зоран Заев претера со изјави и прави нечесна работа. Не е тој што ќе ја однесе ДУИ во опозиција. Тоа го може само една сила, а тоа се тие се гласачите на ДУИ, тие се Албанци на Република Македонија, тоа е гласачкото тело. Но, не и Зоран Заев. Зоран Заев нема да биде премиер. Добро е за нивното здравје да не брзаат и да создаваат проблеми со нас бидејќи не можат да се справат. Така им се случи пред 20 години кога седнавме и преговаравме за многу големи прашања, територијални поделби и тие ја загубија играта мислејќи дека доаѓаме од планината и не знаеме ниту политика ниту дипломатија, подвлече Ахмети.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Избори 2020

Груби вели дека нема да дозволат да се вратат назад, без разлика дали се во позиција или во опозиција, па затоа истакна дека не доаѓа во предвид ДУИ да коалицира со Левица.

Груби: Секојдневно контактираме со СДСМ, не доаѓа во предвид коалиција со Левица!

Во интервју за албански „Шчип“,  организацискиот секретар на ДУИ, открива дека...

ДУИ има многу добра положба за преговарање, се согласувам со ставот дека барањето за прв премиер Албанец, не беше ништо повеќе од преговарачки чин на Али Ахмети- рече Богоевски.

Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник и без ДУИ!

Поранешниот пратеник од редовите на СДСМ, Павле Богоевски во вчерашното гостување...

Откако ДИК и Управниот суд ги отфрлија нивните приговори и жалби за изборни прекршувања во 5 и 6 изборна единица, главно за полнење на кутии, тие за понеделник најавуваат протестен марш во Скопје.

Таравари: Ако ДУИ дозволи да отвориме една гласачка кутија во Зајас, ќе им ги дадеме сите пратеници!

Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во изјава за ТВ 21,...

Тој претходно истакна дека СДСМ, брзаше дури и во време на пандемија да има избори по секоја цена, а сега Заев замина на одмор велејќи дека има време за формирање Влада, и дека за тоа ќе се разговара после 2-ри август. 

Јакимовски: За да ги исполни сите барања на Заев ќе му остане само министерство за екологија

Во вчерашното гостување во емисијата „Само Вистина“ поранешниот градоначалник на...