Инаку денеска беше соопштено од страна на првиот човек на регулаторната комисија дека оскапува струјата за 7,4 отсто, а броењето по новата тарифа ќе започне од септември.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 јули, 2020 15:49

Мицкоски: Повисоката цена на струјата, е сериозен удар врз граѓаните!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На својата официјална Фејсбук страна, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски пишува дека иако власта не ветила остварила повисока цена на струјата.

Поскапување побарале сите електро енергентски компании, пред се поради ударот кој го зададе коронавирусот.

-Не ветија, ама остварија повисока цена на струјата. Она што оваа влада го спроведе како институционален поткуп ќе им биде одземено на граѓаните преку повисоките сметки за струја. Евтина тарифа за струјата со која толку многу се фалеа ќе биде неколкукратно повеќе наплатена од џебот на граѓаните. Ова е сериозен удар врз граѓаните. Бандитизмот на оваа власт е во секоја пора, а криминалот и празната каса на државните институции ќе се покриваат со парите на народот, кредитите веќе не помагаат. И затоа покажаа дека само во криминал и грабеж можат уште повеќе и уште подобро!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Инаку денеска беше соопштено од страна на првиот човек на регулаторната комисија дека оскапува струјата за 7,4 отсто, а броењето по новата тарифа ќе започне од септември.

-Со сите овие елементи просечната крајна цена е корегирана за 7,42% или за досегашна сметкаод 1500 денари ќе има зголемување од околу 100 денари. Евтината тарифа останува на располагање на граѓаните во интервалите кои се и денеска на сила преку ден и навечер истакна Марко Бислимовски првиот човек на РКЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.