Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Објавил: Владо Марин | 14 август, 2020 20:08

СДСМ ја демантира неточната вест објавена од Канал 5

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

СДСМ во целост ја демантира објавената неточна вест од страна на Канал 5 телевизија со наслов: Договорен премиер по принципот три години Заев , една Зибери –ДУИ ќе управува со УЈП и МВР, се анведува во партиското соопштение.

Не е точно дека во разговорите помеѓу СДСМ и ДУИ е договорен премиер по принцип како што е објавено, тоа е невистина.

Исто така не е точно ниту тоа дека веќе се договорени било какви персонални решенија и поделби на ресори.

СДСМ им стои на располагање на медиумите, и очекува во духот на прифесионалното новинарство, за вакви прашања да побараат официјална потврда од партијата, или став, пред да биде објавена.

На овој начин се пласираат неточни информации во јавноста, а граѓаните се доведуваат во заблуда.

СДСМ навремено ги информира граѓаните и доколку има договор тоа јавно ќе го соопшти, демантира СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.