УТРЕ АВТОБУСИТЕ ЌЕ ВОЗАТ ПО НЕДЕЛЕН ВОЗЕН РЕД, СО ИСКЛУЧОК НА НЕКОЛКУ ЛИНИИ!
Почитувани корисници на јавниот превоз,
Ве информираме дека денеска (27.08.2020 год), во пресрет на верскиот празник Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица), на линијата 60 (Транспортен центар – Матка) во период од 17.30 до 23.30 часот ќе сообраќаат дополнителен број автобуси.
Зголемен број автобуси на линија 60 ќе има и утре, петок (28.08.2020 год) од 7 до 18 часот.
Поголема фрекфенција на возила на посочената линија е поради очекуван зголемен интерес на граѓаните за посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Матка.
Утре, петок (28.08.2020 год) јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 51, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.
Дежурни ќе бидат три билетарници:
Транспортен центар 7-19.30 часот
Зелено пазарче 7-19.30 часот
Ѓорче Петров 7-13 часот
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.