вторник, 7 мај 2024

MK/ EN/ DE



Во својата презентација пак докторката Соумја Сваминатан која е научник од Светската здравствена организација (СЗО) во Женева, истакна дека коронавирусот може да исчезне дури во 2022 година.

Објавил: Катерина Крстиќ | 17 септември, 2020 10:28

СЗО: Дypи во 2022 година се очекува враќање во нормала на живoтoт!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска Светската здравствена организација на презентацијата водена преку социјалните мрежи предупреди дека Ковид-19 се шири со алармантно висока брзина во како што наведе делови на северната хемисфера, неколку месеци пред зимската сезона на грип.

– Почнуваме да гледаме вознемирувачки трендови во некои држави, изјави Марија ван Керхов, водечки технички експерт за Ковид-19 при СЗО, додавајќи: Гледаме зголемување на бројот на луѓе примени во болници, оние кои се примени на интензивна нега, особено во Шпанија, Франција, Црна Гора, Украина и некои држави во САД. Ова е загрижувачки бидејќи сезоната на грип се уште не е почната.Во неколку земји, расте бројот на примени лица во болница на возраст меѓу 15 и 49 години заразени со Ковид-19, додаде Ван Керч.

На презентациајта учествуваше и раководителот на програмата за итни случаи на Светската здравствена организација Мајк Рајан кој апелираше до оние кои се со висок ризик да заболат од Ковид 19, однсно до хроничноболните да се вакцинираат против грип.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.