Странските медиуми пренесуваат дека лигњите биле увезени од Русија а еден од пакетите пристигнал во градот преку главниот град на провинцијата Чангчун, пренесува Ројтерс цитирајќи здравствен службеник.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 септември, 2020 18:26

Ковид-19 пронајден на пакувања од лигњи во Кина!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Шокантно соопштение пристигна денеска од здравствените власти во градот Фују, во Кина, кои откриле нов коронавирус. Имено станува збор за вирус пронајден на пакувањето на увезени лигњи, во кинеската североисточна провинција Џилин.

Како што посочија здравствените власти секој што можеби ги купил овие лигњи мора да направи тест за корона.

Странските медиуми пренесуваат дека лигњите биле увезени од Русија а еден од пакетите пристигнал во градот преку главниот град на провинцијата Чангчун, пренесува Ројтерс цитирајќи здравствен службеник.

Тој апелираше до сите оние кои што купиле и јаделе од овие увезени лигњи купени од локалната продавница за замрзната морска храна од 24 до 31 август да ги пријават кај локалните здравствени власти и задолжително да се тестираат за Ковид-19.

Доколку замрзнатите прехранбени производи се позитивни на вирусот и на еден месец доколку производите на добавувачите бидат позитивни по третпат или повеќе, ќе биде укинат увозот на компанијата, соопшти кинеската царина во петокот,

Коронавирусот во Кина се чини дека полека исчезнува, со оглед на тоа што има мал број на заболени. Во саботата беа забележани нови 10 случаи на коронавирус, а се вели дека доаѓаат од луѓе кои влегле Кина од странство.

Ова не е прв случај за сомнеж за појава на Ковид 19 на храна. Имено Во минатиот месец локалните власти во два кинески града објавија дека пронашле траги од вирусот на увезена замрзната храна, на што тогаш Светската здравствена организација посочи дека не гледа докази за ширење на Ковид-19 преку храна или пакување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.