Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

Објавил: Владо Марин | 12 октомври, 2020 19:30

Коронавирусот се врати во РК Вардар!

Фото/Текст извор: ©ekipa

Лоша вест за РК Вардар – коронавирусот се врати во редовите на актуелниот европски шампион непосредно пред враќањето на „црвено-црните“ во натпреварувачки ритам и претстојниот дуел од ЛШ против германски Фленсбург.

Еден од ракометарите на „вардарци“ во изминатите денови покажал симптоми на болеста, а по тестирањето добил позитивен резултат, по што се наоѓа во самоизолација.

ЕКИПА дознава дека станува збор за македонски ракометар, а по неговиот позитивен тест е извршено тестирање на сите членови на клубот чии резултати се очекуваат до крајот на денот. По добивањето на тие резултати ќе биде јасно на чии услуги ќе може да смета тренерот Алушовски за претстојниот дуел со Фленсбург. „Вардарци“ се без меч во ЛШ уште од 16 септември, во целиот овој период немаа позитивен случај на Covid-19, но сега непосредно пред продолжението со настапите од елитното европско натпреварување се соочуваат со сериозен проблем.

За потсетување, позитивен на коронавирус на самиот старт од сезоната беше капитенот Стојанче Стоилов, кој од оваа причина го пропушти завршниот турнир од Ф4 турнирот од СЕХА-лигата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Ракомет

Вечерва во Скопје падна селекцијата на Швајцарија(29-28), а Филип Кузмановски по мечот изјави дека противникот беше многу мотивиран за да слави победа, но напомена дека оваа Македонија нема да му попушти никому.

Квалификации за ЕП: Македонија ја совлада Швајцарија

Ракометната репрезентација на Македонија со победа ги запечати најуспешните квалификации...

Чиле одржуваше предност од два гола (2-4, 4-6, 5-7). Со мини серија од два гола, на Стоилов и Костески израмнивме во 16 минута на 7-7. Првиот гол Лазаров го постигна минута подоцна.

Чиле ПАДНА НА КОЛЕНА: Македонија оди во главна фаза на СП!

Македонската ракометна репрезентација го доби дуелот со Чиле со 32-29 (16-17) и обезбеди...

Ова ќе значи и прекин на групата Б во следните 15 дена, а се очекува во следниве денови да бидат тестирани и ракометари на екипи, кои во изминатиот период играа натпревари против Работнички.

Шеснаесет ракометари на Работнички заразени со корона

Вкупно 16 ракометари се заразени со ковид-19 во редовите на Работнички. Сите се наоѓаат...