Дел од нивите роднини за тв 24 велат дека иако родителите не можат да ги чуваат, сепак се плашат да ги носат во градинка!

Објавил: Владо Марин | 19 октомври, 2020 18:11

18 ДЕЦА И 55 ВРАБОТЕНИ ПОЗИТИВНИ НА КОРОНАВИРУС, 309 ДЕЦА И 50 ВРАБОТЕНИ ВО ИЗОЛАЦИЈА

Фото/Текст извор: ©24mk

Ваква е ситуацијата во еден од парковите општината Аеродром која води во Скопје по бројот на зарзени со ковид 19. Деца во парковите, наместио во градинките.

Дел од нивите роднини за тв 24 велат дека иако родителите не можат да ги чуваат, сепак се плашат да ги носат во градинка!

Во градинките пак  состојбата станува се поалармантна. од отворањето 18 деца се заболеле со ковид 19, а над 300 се во изолација. од вработените 55 се зарзени. Сепак, иако ситуацијата од ден во ден е се полоша, министерката за труд и социјална политика  засега гледа опасност. 

Коронавирусот денеска ја затвори и најмалата градинка во Прилеп. 20 деца одат во изолација, позитивни се две негувателки. Позитивна воспитувачка од друга пак градинка во прилепско испрати уште 15 деца во самоизолација.

– Ако доследно се почитуваат здравствените протоколи, ситуацијата во градинките може да се стави под контрола и да се заштити здравјето на децата и вработените – вели Шахпаска.

Во моментов во изолација се 309 деца и 50-тина вработени.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.