Српскиот претседател Александар Вучиќ и се обраќа на нацијата по завршувањето на седницата на Претседателството на Српската напредна партија и по тој повод најави дека и СПС и СПАС ќе влезат во новата влада!
Имаме многу добра соработка со СПС на Ивица Дачиќ. Имавме нешто поинакви ставови за тоа како треба да изгледа во иднина, но јас ги прифатив предлозите на Дачиќ.
Направивме добри работи за нашата земја, заедно. Ќе продолжиме да работиме со нив во малку изменет формат.
Исто така, имав можност подобро да го запознам г-дин Шапиќ. Бев задоволен и во човечки аспект и како претседател на Републиката. Тој немаше никакви барања. Ниту за министерствата, ниту за директорите, ниту за нешто што инаку е плен за политичарите.
Разговаравме за станови за воен персонал, за надворешна политика. Тој не побара ништо, неговата партија ќе има еден министер во новата влада. Претседател на Националното собрание ќе биде Ивица Дачиќ – објасни Вучиќ.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.