Во моментов околу 500 легла има во ковид центрите во Скопје, со план за дополнителни 100 кревети на Клиниката за уво, нос и грло, и на хируршките клиники, извести министерот Филипче!
Дополнителни 100 кревети ќе се обезбедат и од страна на приватните болници.
На работниот состанок со колегите од хируршките клиники и ковид центрите на интерните клиники разговаравме за реализација на новиот ковид оддел во склоп на ТОАРИЛУЦ.
Тој ќе биде активиран ако за тоа има потреба, согласно епидемиолошката состојба во државата и бројот на пациенти кои бараат хоспитализација, потенцираше министерот!
Министерството за здравство денеска соопшти дека во изминатите 24 часа регистрирани се 387 новозаразени со коронавирус, а во изминатите 24 часа 35 пациенти починале, додека 528 оздравеле.
Најмногу заразени во моментов има во Скопје каде има 9837 активни случаи, потоа Тетово 989, Прилеп 965 и Куманово 940 активни случаи.
Во пет општини во Скопје бројот на активни случаи е над 1000.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.