Драматичниот пораст на заболени, хоспитализирани и починати пациенти од Ковид-19 во Прилеп, е причина градоначалникот Илија Јованоски, да бара градот во наредниот период да биде ставен во карантин.
Во петок ќе се знае дали Прилеп ќе оди под карантин. По катастрофалните бројки од 83 новозаразени и со дури шест починати само во последново деноноќие, градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, денеска побара од Владата воведување на карантин во градот и според портпаролот на Владата, по ова барање на Јованоски, Владата ќе одлучува в петок.
„Последните 9 дена има 26 починати, вчера имаше само 6 починати пациенти во Прилеп. По две недели од моето поаѓање на Инфективното одделение. Упатив апел до сите здравствени работници кои немаат активности, во дел од слободното време да им помогнеме на здравствените работници. Знаевме дека ќе е вака, се спремаме за таканаречениот трет бран. Има место во болницата во Прилеп, има над 100 болнички кревети на располагање, а 50-тина болни користат дневна болница. Најголем број од пациентите се заразуваат на еден процент на граѓани кои не носат маски. Апелираме, ама одреден број на граѓаните не веруваат во нештото, не се придржуваат до протоколите.
Ќе побарам до Централниот кризен штаб за прилем, мораме да имаме карантин, Прилеп по Скопје има најголем број заразени и починати“ – вели градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски за Студио 10 на ТВ24.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.