Од нив, по два вентилатори ќе бидат распределени на Клиниката за гинекологија и детската клиника.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 февруари, 2021 17:55

Од Словачка преку NATO Pandemic Response Trust Fund (PRTF) Македонија доби 4 медицински вентилатори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денеска, од Словачка преку NATO Pandemic Response Trust Fund (PRTF) Македонија доби 4 медицински вентилатори.

Од нив, по два вентилатори ќе бидат распределени на Клиниката за гинекологија и детската клиника.

Упатувам огромна благодарност до словачкиот МНР Иван Корчок, како и до граѓаните на Словачка за поддршката. Ова е доказ дека кога вака се негуваат пријателите, тогаш навистина служат и се наоѓаат кога е навистина потребно, рече министерот Филипче.

Се надевам дека КОВИД пандемијата нѐ научи на грижата едни за други.

Нашата соработка продолжува и понатаму, не само во здравството, туку и во многу други полиња, потенцираше тој!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.