Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес изјави дека не е точна информацијата дека е одлучено граѓаните на Србија, кога се враќаат од Црна Гора, Албанија, Бугарија, БиХ, Северна Македонија и Унгарија, да направат ПЦР тест и истакна дека режимот за влез во Србија не е променет.
“Веста не е точна, ние не го сменивме режимот на влез во Србија, така што нашиот народ секогаш може да се врати во својата земја,. Оние кои биле вакцинирани или ревакцинирани, можат да влезат без потврда за негативен тест за ПЦР, само треба да ја покажат потврдата за ревакцинација “, рече Брнабиќ на ТВ Прва.
Како што наведе во продолжение, негативен ПЦР тест за влез во Србија не им е потребен на државјани на Мини Шенген – Северна Македонија, Албанија, плус Унгарија и Бугарија!
„Тоа е така затоа што има голем број граѓани кои циркулираат преку границата и со цел да им се олеснат бизнисот и животот“, рече Брнабиќ и посочи дека граѓаните на овие земји не подлежат на мерка изолација.
Покажавме дека сме солидарни во најтешките можни времиња – на Македонија и испративме 8.000 вакцини на Фајзер и 40.000 вакцини Спутник В, што е за 24.000 граѓани, изјави српската премерка Ана Брнабиќ на ТВ Прва.
Брнабиќ додаде „дека ова нема никаква врска со политиката, но се надева дека ова ќе не зближи во иднина“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.