Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата.
Вкупно се аплицирани 259.577 дози вакцини, а ревакцинирани се 38.806 граѓани.
Вчера вкупно се вакцинирале 4.148 граѓани, извести министерот Филипче.
Прва доза вакцина вчера примиле 4.123 граѓани.
Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 398.243 граѓани.
Со последните бројки 45,7 % од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, вели Филипче!
Со последните бројки 39 % од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина.
Пријави се на vakcinacija.mk бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат до термин за вакцинација.
Но според коментарите на социјалните мрежи, хронично болните граѓани изреволтирани оставаат коментари дека со месеци не можат да добијат термин за вакцини, а додека пак граѓани кои се под 30 годишна возраст се вакцинираат без проблем и објавуваат фотографии на социјаните мрежи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.