Османи вели дека се на безбедно и се на листата на чекање за трансфер до аеродромот и евакуација.

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2021 6:19

Итна евакуација на македонските државјани од Кабул

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Седумдесет и пет македонски граѓани чекаат да бидат евакуирани од Авганистан, откако талибанците ја презедоа контролата врз Кабул и денеска прогласија победа.

Според министерот за надворешни работи, Бујар Османи, првата група од 25 македонски граѓани наскоро ќе полета со авион на американската војска за Катар, а уште 25 се регистрирани за некој од следните летови и тие моментално се во американска база во близина на аеродромот во Кабул.

Османи вели дека се на безбедно и се на листата на чекање за трансфер до аеродромот и евакуација.

Во однос на привременото примање на бегалци од Авганистан во државава, каде треба да го чекаат трансферот во САД, од Владата велат дека се чекаат детали за преземање на шест жени и деца вработени во мисијата на ОН во Авганистан, како и за 180 граѓани и нивни семејства од невладини организации и слични здруженија.

Владата работи на организирање на сместувачки капацитети во мотели, одморалишта и хотели за што трошоците ќе бидат обезбедени од меѓународните организации како и од САД. Сместувањето ќе биде со ограничен период, се до нивниот трансфер во САД или во трети земји.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.