На советниците им се обрати градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која им посака успешна работа во следните четири години.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 ноември, 2021 20:14

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ – ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ПРЕТСЕДАТЕЛ

Фото/Текст извор: ©магазин

Трајко Славески од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде претседател на Советот на Град Скопје. Конститутивната седница се одржа во МКЦ, кино „Фросина“ и ја водеше најстариот советник Никола Пановски, а се верификуваа мандатите на новите 45 советници.

На советниците им се обрати градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, која им посака успешна работа во следните четири години.

Изрази надеж дека советниците со својата работа ќе придонесат за да се подигне квалитетот на работењето.

Советникот Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ предложи Славески да биде претседател на Советот, по што доби поддршката од 24 советници. Поранешниот претседател на Советот Љубица Јанчева од СДСМ предложи да се гласа поединечно, а 26 советници гласаа за Славески. Советниците од СДСМ гласаа против или беа воздржани.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.